ЗА НАС
Ние сме Ф-Ј Инженеринг ДООЕЛ Тетово, и сме тука со една јасна цел: да направиме вашето искуство со нас што можно подобро и пријатно. Нашата компанија е основана во 2020 година и се занимава со производство на фабрикувани метални производи.
Нашето седиште се наоѓа во сопствената машинска работилница во комбинатот АД „Тетекс“ во Тетово, во производна хала од 2.150 метри квадратни.
Од мај 2021, во соработка со Министерството за образование и наука, започнавме со активности на нашиот Едукативен центар. Тука, нудиме професионални обуки за преквалификација и доквалификација за бравари, заварувачи, металостругари и оператори на ЦНЦ машини. Нашата цел е да ги оспособиме нашите учесници со сите потребни знаења и вештини за нивната успешна кариера.
Нашата мисија е да произведеме висококвалитетни производи за вашите потреби, креирајќи здрава работна средина и инвестирајќи во технолошко усовршување и обука на нашите вработени. Ние стремиме кон тоа да станеме водечка компанија во машинската индустрија во регионот, обезбедувајќи висок квалитет на нашите производи и услуги во изградбата на метални конструкции и проектирањето и изработката на индустриски машини.