Едукативен центар

ЕДУКАТИВЕН ЦЕНТАР


Ф-Ј Инженеринг

За да може секогаш да ги следите најновите трендови во машинството важно е да имате јасно структуирано управување со образование и усовршување.

Ф-Ј Инженеринг Едукација:
  • Компетентното советување и услугата што ја пружате заедно со своите вработени долгорочно ќе ги врзе вашите клиенти за вашето претпријатие и ќе ја осигура иднината на вашето работење. Секако дека најпрво треба да инвестирате за да можете да ги собирате плодовите, но искуството покажува дека трошоците се исплатуваат за кратко време.
  • Ф-Ј Инженеринг Едукација ви дава поддршка во тој процес на развој во вид на актуелна понуда на едукација и усовршување за кои на крајот добивате сертификати.
  • Понатака ви донесуваме преглед на нашата програма за едукација како и мерки за преквалификација и доквалификација.
  • Се радуваме на вашето учество, како и на учеството на вашите вработени на нашите обуки.

Обука за метало стругар

Главна цел на програмата е учесникот да стекне способности, знаења, вештини и компентенции за квалитетно изведување на работните операции во занимањето металостругар.


Програмата се реализира преку теоретска и практична настава во два модули:

Модул 1: Подготвителни работи
Модул 2: Оперативни работи

Времетраење на програмата е 250 часа од кои 75 часа се предвидени за теоретска настава за модул 1 175 часа се предвидени за практична настава за модул 2 . Наставата се реализира од понеделник до петок.

Теоретската настава се изведува во специјализирани простории во рамките на компанијата под менторство на дипл.инж.по машинство, а практичниот дел со дип. инж. по машинство, металостругар со 3 год. работно искуство или обучувач со постсредно стручно образование.

Вреднувањето на постигнувањата на учесниците се спроведува со тест по завршување на модул 1, а со завршен испит по завршувањето на модул 2. По успешно положен тест и завршен испит се дефинираат стекнатите вештини и компентенции и учесникот се стекнува со сертификат Металостругар .

Пријави се за обука

Обука за оператор на ЦНЦ машини

Главна цел на програмата е учесникот да стекне знаења ,вештини и компентенции за ракување со ЦНЦ машина

Програмата се реализира преку теоретска и практична настава.

Наставната програма е составена од следниве модули:


Модул 1: Подготвителни работи
Модул 2: Ракување со ЦНЦ струг
Модул 3: Ракување со ЦНЦ глодалка

Времетраење на програмата е 500 часа од кои 100 часа теоретска настава за модул 1, 200 часа практична настава за модул 2 и 200 часа практична настава за модул 3. Наставата се реализира од понеделник до петок. Теоретската настава се изведува во специјализирани простории во рамките на компанијата под менторство на дипл.инж.по машинство, а практичниот дел со дип. инж. по машинство или оператор на ЦНЦ машина со 3 год. работно искуство


Вреднувањето на постигнувањата на учесниците се спроведува со тест по завршување на теорискиот дел од обуката, а со завршен испит по завршувањето на практичниот дел.По завршен модул 1 и модул 2 и успешно положен завршен испит се дефинираат стекнатите вештини и компентенции и учесниците се стекнуваат со сертификат Оператор на ЦНЦ струг.


По завршен модул 1 и модул 3 и успешно положен завршен испит се дефинираат стекнатите вештини и компентенции и учесниците се стекнуваат со сертификат Оператор на ЦНЦ глодалка.


По завршени модул 1, модул 2 и модул 3 учесниците се стекнуваат со сертификат Оператор на ЦНЦ машина.

Пријави се за обука

обука за бравар

Главна цел на програмата е образование, едукација и оспособување на учесниците на програмата за да стекнат знаења, вештини и компентенции за квалитетно изведуванье на работните задачи во занимањето бравар.

Програмата се реализира преку теоретска и практична настава во два модула:

Модул 1: Подготвителни работи
Модул 2: Изработуваье на метални конструкции

Времетраење на програмата е 250 часа од кои 75 часа се предвидени за теоретска настава за модул, а 175 часа се предвидени за практична настава за модул 2. Наставата се реализира од понеделник до петок.
Теоретската настава се изведува во специализирани простории во рамките на компанијата под менторство на дипл.инж.по машинство, а практичниот дел со дип. инж. по машинство, бравар со 3 год. работно искуство или обучувач со постсредно стручно образование.
Вреднувањето на постигањата на учесниците се спроведува со тест по завршување на модул 1, а со завршен испит по завршуваьето на модул 2. По успешно положен тест и завршен испит се дефинираат стекнатите вештини и компентенции и учесниците се стекнуваат со сертификат Бравар.

Пријави се за обука

обука за Миг/Маг заварувач

Целта на едукативниот центар е учесникот да стекне знаења, вештини и компетенции за примена на основните техники на заварувачки и репаратурни работи, според пропишаниот МИГ и МАГ начин на заварување.

Програмата се реализира преку практична и теоретска обука и води до стекнување на сертификат ЗАВАРУВАЧ МИГ и МАГ.

Времетраење на програмата 250 часа од кои 50 часа теоретска настава за модул 1 и по 100 часа практична настава за модул 2 и модул 3 .

Теоретската обука се одвива во специјализирани простории во самата компанија, под менторство на професор- наставник или дипломиран машински инжинер со работно искуство. Практичната настава се одвива исто така во самата компанија.

Пријави се за обука

ГАЛЕРИЈА